Што открива вашиот омилен моден додаток за вас

Каква порака на околината остава на пример, вашата големата чанта или слушалките на уши?

Ако често носите: голема чанта

Можеби вашите пријатели веќе се подбиваат со вас поради вашите огромни чанти , но тоа не треба да ве загрижува. Зошто? Затоа што вие сте секогаш во движење и подготвени за акција. Ги поминувате работните денови надвор од дома, а практичната личност како вас секогаш треба да биде подготвена за сите обврски.

Понекогаш оние кои носат големи чанти страдаат од болки во грбот. Изгледаат како да носат пакет на енциклопедии во торбата. Знаеме дека не е така, сепак колку и да е практична големата чанта примамува да го понесете вво неа се она што би ве направило посигурни на излегувањето. И фен за коса може, на пример?

Ако често носите: впечатливи обетки 

Никој не се плаши да се справи со драма. Обетките кои го одвлекуваат вниманието се додаток за жена која не се плаши смело да го покаже својот личен став.  А  веројатно се цени тоа.

Ако често носите: мачкасти очила за сонце

Можеби романтично размислувате за минатото од кое и воопшто не сте биле дел и многу сте сентиментални. Ви се допаѓа тој ретро стил и едноставно не можете без него. Во рекол ли некој некогаш –  Да живее женственоста!

Ако често носите: слушалки на уши

Сакате  вашиот живот да има музичка- филмска основа, нели? Супер. Вие не само што ја сакате музиката, туку таа ви е потребна за да го „преживеете“ денот. Слично на тоа, ве опкружува уметноста, книгите и филмовите кои ве инспирираат. Кој неодамна ви рекол дека е вљубен во вашата креативност и цврсти верувања?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот