Што откри израелското разузнавање, па го исфрли „Андроид“ од армијата и нареди да се користи само „Ајфон“

Израелските одбранбени сили (ИДФ) ќе ги заострат правилата за мобилни уреди за високи офицери и ќе ги забранат телефоните со оперативен систем Андроид на линиите издадени од ИДФ, објави минатата недела израелското воено радио. Според очекуваната наредба, командантите со чин потполковник и повисок ќе можат да користат само Ејпл Ајфони телефони за службена комуникација, пишува Н1.

Мерката има за цел „да го намали ризикот од упад во мобилните телефони на високите офицери“, се вели во извештајот.

Според планот, Израелските одбранбени сили (ИДФ) ќе ги „стандардизираат оперативните системи на „Ејпл“ на повисоки нивоа за да ги поедностават безбедносните проверки и ажурирања. ИДФ јавно не објави детални временски рокови или исклучоци, а немаше и непосреден коментар за тоа дали политиката ќе се однесува на лични уреди што се користат за работа.

Зошто ИДФ дејствува сега

Израелските безбедносни претставници долго време предупредуваа дека „непријателските актери користат социјални платформи и апликации за пораки за да ги таргетираат телефоните на војниците и да ги следат движењата на трупите“. ИДФ претходно предупреди дека палестинската група Хамас „користи „Ватсап“ за собирање доверливи информации од израелските трупи во Газа“, повикувајќи ги војниците да пријавуваат сомнителни пораки до командантите.

Военото разузнавање на Израел наводно открило повторени шеми „Хонипот“ во кои оперативците на Хамас се претставувале како жени на интернет за да „ги намамат Израелците да инсталираат малициозен софтвер“. Израелските аналитичари наводно забележале дека ваквите кампањи барале пристап до контакти, фотографии и податоци за локација во реално време на уредите на војниците.

Од друга страна, критичарите на Израел може да го сметаат потегот на ИДФ како еден вид признание дека компаниите се контролирани од Тел Авив. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред неколку месеци изјави дека „секој што поседува мобилен телефон, носи дел од Израел во рацете“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот