Што научивме за воздухопловството во 2019 година: Падови на авиони и рекорден број на летови

Авио-транспортот во годината која е зад нас дожвеа разни подеми и падови. Се случија многу различни настани, од рекордни бројки на патници и отворање на нови аеродроми, до пропаѓања на одредени авиокомпании и критики поради испуштање на штетни гасови. Ова се настаните кои го потресоа светот на авијацијата во 2019 година.

Затворање на авиокомпании

Дури 25 авио-превозници се затворени ширум светот во 2019 година. Меѓу европските компании кои повеќе нема да нудат услуги за летање се „Германиа“ од Германија, „ВАУ ер“ од Исланд, „Адрија“ од Словенија и британски „Томас Кук ерлајнс“.

„Боинг“ против „Ербас“

Двата најголеми светски произведувачи на авиони претрпеа низа на проблеми во 2019 година, па така моделот „737 макс“ на „Боинг“ е приземјен поради сигурносни причини, откако такви два авиони дожвеаја несреќи. Првиот инцидент се случи за време на полетување на авионот на „Етиопијан ерлајнс“, кога загинаа 157 патници и членови на екипажот.

Пет месеци пред тоа, авионот на „Лајон ер“ се слуши во Јаванското Море, усмртувајќи ги сите 189 луѓе во него. Прелиминарните извештаи наведуваат дека пропустот се појавил во расипаниот контролен систем на моделот „737 макс“, чие производство и официјално прекина.

Европски „Ербас“ пак, неодамна соопшти дека нивниот модел „А380“ ќе излезе од производство до 2021 година. Одлуката следи по потегот на „Емирејтс“ од Дубаи“, главниот клиент на „Ербас“, кој одлучи да ја намали нарачката на овие авиони на 39, пренесува „Индекс“.

Како една од причините за таквата одлука се наведува големината на моделот „А380“, најголемиот патнички авион на светот, за кого побарувачката се намалува.

Со авион се леташе повеќе од било кога

Рекордни 225.000 авиони полетаа на 24 јули, што е најголем број на полетувања во еден ден во историјата, според извештаите на службата за следење на летови „Флајт радар 24“.

Бројот на патници порасна за 3,6 отсто во текот на првите шест месеци на 2019 година, во однос на минатата. Се проценува дека бројот на патници изнесувал 8,8 милијарди во 2018 година.

Огромен аеродром во Кина

Во Пекинг во септември 2019 година е отворен еден од најголемите аеродроми на светот, на површина од 700.000 квадратни метри.

Меѓународниот пекингшки аеродром Дасинг е изграден според дизајнот на познатата архитектка Заха Хадид и потсеќа на морска ѕвезда, кога ќе се погледне од птичја перспектива.

Најдолг лет во историјата

Австралискиот авио-превозник „Квантас“ постигна нов рекорд за најдолг непрекинат лет со патнички авион. Нивниот лет од Њујорк до Сиднеј во октомври траеше 19 часа и 16 минути, а поминат е пат од 16.200 километри.

За успехот на овој подвиг е заслужен полниот резервоар на авионот „787-9“ пред полетување, ограничениот број на патници и багаж, како и отсуството на товар. Во авионот патуваа вкупно педесетина луѓе.

Пораст на испупштање на штетните гасови

Европската комисија првпат смести една авиокомпанија на својата листа на десет најголеми загадувачи на животната средина.

Ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ им се придружи на термоелектраните кои користат јаглен на озлогласената листа на ЕК.

„Рајанер“ за време на 2018 година произвеле 9,9 мегатони јаглерод диоксид.

Авијацијата, инаку, покрива два отсто од вкупната емисија на гасови на стаклената градина. Неколку движења за граѓанска непослушност се обидеа да го привлечат вниманието на овој растечки проблем, особено во Обединетото Кралство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот