„Кралот на бананите“ за 45.000 евра ја купи „Адриа ервејс“

Фото: МИА

Ростодер, познат како увозник и продавач на банани, но и трговец со недвижнини, го основа „Ер Адриатик“ само неколку дена откако „Адриа ервејс“ банкротираше на крајот на септември минатата година.

Словенечката компанија „Ер Адриатик“, сопственост на црногорскиот бизнисмен Изет Ростодер, ја купила банкротираната словенечка авиокомпанија „Адриа ервејс” за 45.000 евра, јавија словенечки медиуми кои него го нарекуваат „кралот на бананите“.

Ростодер, познат како увозник и продавач на банани, но и трговец со недвижнини, го основа „Ер Адриатик“ само неколку дена откако „Адриа ервејс“ банкротираше на крајот на септември минатата година.

Црногорскиот бизнисмен кој се пресели во Љубљана во 1986 година, исто така, планира да основа нискотарифна авиокомпанија со седиште во тој град.

Покрај „Ер Адриатик“, две други компании учествуваа на тендерот за имотот на Адрија – хрватската „Комфорија“, регистрирана во Словенија, и „Дил Аеро“, новооснована компанија во сопственост на Дејан Слодеи, поранешен пилот на Адриа ервејз.

Сертификатот за авијациски оператор на „Адриа ервејс“ во моментот е суспендиран заради банкрот, но ќе се активира откако „Ер Адриатик“ ги исполни одредени обврски според словенечките правила за цивилно воздухопловство, вклучително и сопственоста на авионите.

Словенечкиот АОК му дава на сопственикот право да извршува трговски услуги од Словенија и други земји-членки на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот