НОВ РЕКОРД: Патнички авион летал речиси 20 часа без да слета (ВИДЕО)

Авионот Боинг 787-9 „Дримлајнер” на австралискиот авиопревозник „Квантас” изврши најдолг лет без слетување досега регистриран во патничката авијација, соопшти Си Ен Ен.

Патничкиот авион тестираше лет на дестинацијата Лондон – Сиднеј.

За време на летот, авионот се наоѓал постојано во воздух 19 часа и 19 минути и поминал 17.800 километри. Патувале 50 лица и четворица пилоти и биле надминати два рекорда – по далечина и по времето на летање.

Откако полетал од меѓународниот аеродром Хитроу вчера рано наутро, за време на летот авионот ги преминал воздушните простанства на Германија, Полска, Белорусија, Русија, Казахстан, Кина, Филипини и Индонезија. Притоа, патниците имале можност двапати да го видат изгрејсонцето.

Претходниот рекорд, исто така, беше на авион Боинг 787-9 „Дримлајнер” на истата компанија со лет што се случи на 21 октомври на дестинацијата Њујорк-Сиднеј. Авионот беше во воздх 19 часа и 16 минути со девет членови на екипажот и 40 патници.

Патниците биле раководители на компанијата „Квантас”, меѓу кои и генералниот директор Алан Џојс, научници од уноверзитетот во Сиднеј, новинари и неколку постојани корисници на авиокомпанијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот