Што кријат Американците? Двајца холандски тинејџери уапсени во близина на мистериозната „Област 51“

Фото: Профимедиа

Двајцата пријатели од Холандија само сакале да видат што е толку фасцинантно за мистериозната „Област 51“ пред да ги напуштат Соединетите Американски Држави и да заминат во татковината, но тие завршиле во затворот на сојузната држава Невада, објави Си-ен-ен.

Тис Гранзиер (20) и Чарлс Џејкоб Свип (21) се уапсени откако минале речиси пет километри во забранетата зона во Невада, која е заштитена како Национална безбедносна зона, објавија од полицијата.

Локацијата во близина на „Областа 51“, која со декади е во фокусот на теориите на заговор. Многумина сметаат дека американската влада токму на оваа локација чува докази за постоењето на вонземјани и неидентификувани летечки објекти.

Дополнително, областа стана уште попозната, кога пред неколку месеци беше креиран Фејсбук-настан кој ги повикуваше луѓето да се соберат пред влезот на „Областа 51“ и директно да влезат внатре, и покрај силното обезбедување. Овој настан привлече огромно внимание на светско ниво, а во моментов дури 2,1 милиони луѓе кажале дека ќе одат на настанот кој е закажан за 20. септември.

Сепак, на момчињата од Холандија не им било цел да учествуваат во Фејсбук-настанот.

– Ние немавме никаква намера насилно да влегуваме, поради тоа што си одиме од САД пред закажаниот датум. Сакавме само да одиме таму, да видиме што има – изјавил Свип за КТНВ.

И покрај тоа што и двајцата Холанѓани знаеле да читаат, пишуваат и зборуваат англиски јазик, а притоа ги виделе знаците за забрана, сепак продолжиле со ризичното патување во забранетата област.

Кај Гранзиер се пронајдени камери, телефони, лаптоп и дрон, а тој им појаснил дека објавува содржини на Јутјуб. Тие првично биле осудени на една година затвор, но казната била суспендирана и двајцата ќе имат вкупно три дена во окружниот затвор доколку платат казна од 2.280 долари на денот кога треба да бидат ослободени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот