Фото: Инстаграм

Што ќе се случи со летните аранжмани? Туристите во паника поради хаосот на Блискиот Исток

Последниве денови, прашањата за безбедноста на патувањата до дестинации како Египет, Кипар и Турција станаа почести, по американско-израелскиот напад врз Иран и ескалацијата во регионот. Меѓутоа граѓаните веќе ги резервираат своите пролетни и летни патувања токму во овој период, а имајќи предвид дека популарните дестинации се погодени од конфликтот, се поставува прашањето за безбедноста на овие места и како да се однесуваме кога станува збор за патување.

Ова стави многу туристи во дилема, дали воопшто да резервираат одмор или дали веднаш да откажат веќе закажано летно патување. Неизвесноста околу понатамошниот развој на конфликтот создава дополнителна загриженост кај туристите кои се нашле на дестинации како Дубаи, Абу Даби, како и кај оние кои само го планираат своето патување.

Исто така, сега се доведуваат во прашање патувањата до Кипар, каде што пред неколку дена се случи инцидент во близина на британските воени бази во областа Акротири кај Лимасол. Тука се и популарните одморалишта Турција и Египет, кои се во близина на проблематичната зона. Министерството за надворешни работи на Република Србија го објави таканаречениот „семафор“ за патување, систем за класификација на безбедносни ризици кој ги дели земјите во четири категории – од зелена до црвена.

Тоа е табела со препораки за секоја земја, каде што секоја земја е класифицирана на едно од четирите нивоа – од безбедно до висок ризик. Класификацијата работи според принципот на „семафори“, односно јасно визуелно означување на степенот на ризик. Патничките совети за секоја земја се класифицирани во четири категории – од зелена до црвена, според проценката на безбедносните ризици“, се вели во соопштението на министерството – пишува Каматица.

Поради конфликтот на Блискиот Исток, се огласи и Националното здружение на туристички агенции (YUTA) и апелираше до сите патници да останат во контакт со агенциите и да ги следат упатствата. Тие секако истакнуваат дека откажувањата и промените на аранжманите се можни во оваа ситуација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот