ШТО Е ОВА? Две светла на небото ги извадија скопјани од памет (ФОТО)

Фото: Слободен печат

Жителите на општина Аеродром вечерва забележија две светли точки на небото. Граѓаните по социјалните мрежи се запрашуваа што значат светлата што според фотографиите се гледа дека се во црвена и сина боја.

По социјалните мрежи граѓаните коментираа дека можеби се балони или дронови, а еден корисник на Фејсбук напиша дека се работи за змеј, што го лета дечко кој се вика Лаки кај паркот „Авионче“.

Дел од граѓаните се шегуваа дека е НЛО, други пак дека сината и црвената боја во небото ја означува космичката битка меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Камерите на „Слободен печат“ исто така ги фатија светлата на небото:

Фото: Слободен печат
Фото: Слободен печат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот