Што е фудбалот без навивачи? Погледнете генијално видео од Бундеслигата!

принтскрин/твитер

Прв бундеслигашки меч пред празни трибини, Борусија славеше над Келн, а после мечот веднаш отидоа кај своите верни навивачи да ги прослават трите бода.

Вчера на натпреварот од 21. коло во германското фудбалско првенство Борусија Менхенгладбах во мечот без гледачи го совлада Келн со 2:1.

Локалното дерби се играше без гледачи поради опасноста од ширењето на коронавирусот. Беше тоа прв натпревар во историјата на највисокиот ранг на германскиот фудбал (започнат во 1963. година), кој се играше без гледачи.

– Досадно е да се игра без навивачи. Играњето во права атмосфера е причината поради која децата почнуваат да се занимаваат со фудбал. Секој од нас уште од мали нозе сонуваме да играме пред полни стадиони – рече еден од фудбалерите.

Тажно беше да се гледа стрелецот на првиот гол, Емболо, како се обидува да се радува и ја слушне атмосферата од навивачите, иако е свесен дека празни се трибините.

Фудбалерите на Борусија после победата веднаш отидоа до своите навивачи кои ги чекаа зад затворените врати на стадионот со цел да ги прослават освоените бодови.

– Треба ли фудбалот да се игра без навивачи или е момент да се одложат натпреварите? – гласи заклучокот на ова видео.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот