Што да направите за да спречите ТОЈ да ве изневери

За многу жени најлошата работа што може да се случи во врската е изневерувањето, а голем дел од оние што биле изневерени не успеваат да се подобрат до самиот крај.

Понекогаш е невозможно да го спречите, особено доколку сте во врска со личност која не може да биде моногамна, но со овие неколку совети барем ќе знаете дека сте презеле сe за да не дојде до тоа.

1. Бидете свесни дека сите сме способни да изневериме

Имајте ја на ум изреката „Никогаш не вели никогаш“, па така никогаш немојте да тврдите дека баш вие не би можеле да го изневерите вашиот партнер. Животот знае честопати да нè тестира баш таму каде што сме мислеле дека сме најјаки, а кога еднаш ќе признаете дека тоа може да му се случи секому, автоматски ќе станете поопуштени кога е во прашање изневерувањето. Жените кои се во константен грч поради можноста дека нивниот партнер ќе ги изневери, често токму поради тој грч несвесно го доведуваат партнерот во состојба во која тоа му се чини како единствен излез. Може да ви се случи вам, може да му се случи нему, но да се надеваме дека нема.

2. Погрижете се за овие четири работи

Мажите изневеруваат поради различни причини, а истражувањата покажуваат дека тоа најчесто го прават, бидејќи во врската не добиваат доволно внимание, нежност, благодарност и восхит. Вистина е дека поради забрзаниот животен ритам често забораваме да му покажеме на партнерот колку ни значи, односно се надеваме дека тој веќе го знае тоа. Ако во врската секојдневно ги практикувате овие четири работи, ја намалувате шансата дека партнерот ќе го побара тоа на некое друго место.

3. Внимавајте на вашето однесување

Голем број жени толку интензивно се занимаваат со можноста дека партнерот ќе ги изневери што понекогаш ги затвараат очите на работите што самите ги прават. Вашиот разговор со колегата за време на ручекот може да ја премине границата, а тоа многу лесно ќе се случи ако цело време барате знаци на изневерување кај партнерот, а ги игнорирате кај себе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот