Што да направите доколку сте на отворено, а надвор има грмотевици!

Природа, илустрација/ Фото Архива

Најдобра заштита од удар на гром е превенција затоа што е природна непогода од која не можеме целосно да се заштитиме, освен ако не сме во затворен објект, велат соговорниците на Танјуг, додавајќи дека последиците од громот можат да бидат фатални.

– Ако сте на отворено, нема апсолутна заштита.

– Во случај на најавени грмежи, треба да се избегнуваат отворени полиња, реки …

– Не смее да се оди на риболов или пливање кога надвор грми.

– Не треба да застанете под дрво или да шетате на дожд затоа што никогаш не знаете кога молњата може да удри.

– Колку што е висока крошната на дрвото, истиот број на метри треба да се отстраните од тоа дрво.

– Доколку сте на нива или отворена површина, тогаш најдобро е да клекнете или да седнете на земја, односно да бидете што е можно пониско. Исто така, треба да ги отстраните сите метални предмети, дури и ременот.

– Доколку надвор има невреме и наеднаш косата започне да ви се електризира, поместете се веднаш од тоа место и побарајте засолниште, бидејќи тоа е предзнак дека на местото ќе удри гром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот