Што да гледате на Нетфликс и Ејч-би-о овој викенд?
Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на Нетфликс и Ејч-би-о овој викенд?“.
Препорачано
Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.
„Kingdom“ – серија на Нетфликс
Починатиот крал се крева и мистериозна чума почнува да се шири; принцот мора да се соочи со нова генерација непријатели за да ја открие злобната шема и да го спаси својот народ.
Жанр: акција, хорор / „IMDB“ оценка: 8.3 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 98%
„The 40-Year-Old Version“ – филм во Нетфликс
Несреќна драматургка мисли дека единствениот начин да го спаси својот глас како уметник е да стане рапер на 40 години.
Жанр: драма / „IMDB“ оценка: 7.2 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 99%
„The Chair Company“ – серија на Ејч-би-о
По еден срамен инцидент на работа, Вилијам Роналд Троспер истражува далекусежна завера.
Жанр: комедија / „IMDB“ оценка: 7.6 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 100%
„Bring Her Back“– филм на Ејч-би-о
Енди и Пајпер се наоѓаат во згрижувачко семејство со Лора, ексцентрична поранешна советничка. Но, опасноста се појавува кога Енди го среќава синот на Лора, Оливер, и го открива морничавото минато на нејзината мртва ќерка.
Жанр: хорор / „IMDB“ оценка: 7.1 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 89%


