Штипјанец кој пред месец и пол бил излечен од Ковид-19, повторно е заразен

Фото: МИА

Во моментов на Инфективното одделение се хоспитализирани 34 пациенти со коронавирус, а 11 пациенти се сомнителни и се чекаат резултатите. Инаку во Инфективното одделение е хоспитализиран и 46-годишен маж, кој пред месец и половина го прележал коронавирусот и имал два негативни тестови. Но, пред неколку денови повторно е заразен и е на болничко лекување. Ова е прв пациент во Брегалничкиот регион којшто по вторпат е заразен со овој вирус.

Ѓеорѓијев истакна дека пациентите кои болнички се лекуваат се доминатно од Штип, но има и од Виница, Берово, Кочани, Пробиштип.

-Постапките за поставување на монтажната Ковид болница течат. Инженерите од двете штипски јавни претпријатија „Исар” и „Стипион” се во комуникација, во делот на поставување на водовод и канализација, вели Ѓеорѓијев.

Најави дека изградбата и поставувањето на монтажните бараки на просторот меѓу Педијатрија и Инфективното одделение ќе биде во септември.

Директорката на Центарот за јавно здравје, Марија Димитрова вели дека денеска имаат пристигнато 10 позитивни резултати, а на пунктот со упат од матичен лекар тимот има земено над 55 брисеви. Инаку вчера е починат пациент од Штип од коронавирусот, а станува збор за свештеник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот