Фото: МВР

Штипјанец е уапсен, полицијата го фати со над 4.300 петарди

Маж синоќа бил уапсен откако на неговата тезга на градскиот плоштад „Слобода“ во Штип и во неговиот дом полицијата пронашла вкупно 4.333 петарди, соопшти МВР.

„На 8 декември 2025 година, во 20:15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода 47-годишниот М.Н. од Штип. При преглед на неговата тезга на плоштад ‘Слобода’ во Штип, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 1.340 парчиња разновидни пиротехнички средства. Подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во неговиот дом, при што се пронајдени уште 2.993 парчиња различни пиротехнички средства,“ велат од Министерството.

„Петардите не се играчка, тие се опасни по животот“: Полицијата предупредува дека продавањето експлозиви се казнува со затвор

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот