Шри Ланка уапси 22 будистички монаси на аеродром — во куферите носеле 110 килограми марихуана
Властите на Шри Ланка соопштија дека уапсиле 22 будистички свештеници за поседување повеќе од 110 килограми канабис, што е нелегално во јужноазиската земја. Тие биле уапсени на меѓународниот аеродром во главниот град Коломбо, во најголемата заплена досега на тој терминал, објави Си-ен-ен.
Препорачано
Властите соопштија дека мажите, кои се враќале од Тајланд, имале куфери, секој со повеќе од пет килограми канабис, на меѓународниот аеродром „Бандаранаике“. Полицијата соопшти дека операцијата е спроведена врз основа на дојава.
Дрогата била скриена во багажот во специјално направено лажно дно, а проценетата вредност на запленетиот канабис е повеќе од 3,45 милиони долари.
Шри Ланка има строги казни за шверц со дрога, а аеродромите имаат технологија за откривање на нелегални супстанции. Апсењата за дрога може да резултираат со неопределено притворање без обвинение и долги казни зад решетки.
Групата, која се состоела од млади мажи од различни делови на Шри Ланка, отпатувала во Тајланд на 22 април, со билети обезбедени од спонзор.
Полицијата на Шри Ланка истражува дали станува збор за шверц на дрога поврзан со локални мрежи за дрога.
Канабисот останува забранет, пациентите се снаоѓаат во илегала


