Шпанска серија: Кавги помеѓу Федерацијата, Ла Лига и Унијата на фудбалери

твитер

Претставници на Ла Лила најавија дека повеќе нема да доаѓаат на средбите кои ги организира Фудбалската федерација на Шпанија поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Големите несогласувања помеѓу Унијата на професионалните фудбалери во Шпанија (АФЕ) и Ла Лига од една и Фудбалската федерација на Шпанија (РФЕФ) од другата страна, кулминираа откако во јавноста се појави аудио снимка од еден од последните состаноци.

Ла Лига најави дека нивните претставници повеќе нема да доаѓаат на средбите со РФЕФ и ги обвини претседателот на Федерацијата Луис Рубијалес и генералниот секретар Андреу Кампоса дека тие ја пуштиле во јавност аудио снимката.

Кавгите започнаа кога АФЕ ја обвини Федерацијата дека намерно ја објави аудио снимката од состанокот со Ла Лига по што се добива погрешна слика во јавноста за случувањата во преговорите.

Ла Лига повеќе нема да доаѓа на состаноците кои поради коронавирусот ги организира РФЕФ по се што се случи со снимките кои излегоа во јавноста. Ќе контактираме преку комисијата за мониторинг која е формирана на 3. јули 2019 гофина каде дел од координацијата помеѓу Ла Лига е РФЕФ.

Ла Лига ќе презеде правни мерки вклучувајќи ја и жалбата против претседателот и генералниот секретар на РФЕФ пред Националниот спортски суд поради прекршување на овластувањата и изнесување во јавност податоци кои можат да му донесат штета на спортот. Исто така ќе се жалиме и во Агенцијата за заштита на податоци поради кршење на неколку забрани.

Протоколот за враќање на тренинзите е проучен, прегледан и одобрен за екипите од Ла Лига. Протоколот ќе им биде проследен на сите екипи и приватни компании кои ќе присуствуваат на наредниот состанок и ќе биде проследен и во Националниот спортски суд и во надлежните здравствени организации“, стои во соопштението на Ла Лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот