Шпанија и Франција во завршна битка за европскиот кошаркарски трон

Фото: ФИБА

Селекциите на Шпанија и Франција вечерва од 20. 30 часот во Берлин ќе го започнат натпреварот чиј влог е титулата европски првак и покрај тоа што не беа меѓу фаворитите пред првенството, пред се поради тоа што двете репрезентации не играат со најсилните состави.

И покрај тоа, и квалитетно и со малку среќа, Шпанија и Франција стигнаа до финалето и го оправдаа епитетот најуспешни репрезентации во 21 век на Европските првенства.

Шпанците ќе се борат за четвртото злато во последните 13 години, а ова им е вкупно 15.медали, додека Французите ќе играат за својата втора титула, првата ја освоија во Литванија во 2011 година и вкупно 10. медал.

– Ако луѓето се сомневаа во нашата работна етика, квалитети, тимот и се што правиме заедно – тоа би не навредило. Нема приказни за нашиот квалитет, бидејќи ги знаеме нашите можности. Тоа не значи дека не можеме да направиме победнички тим. Погледнете ги само другите селекции кои секако се поквалитетни и поталентирани од нас, но ги нема тука. Понекогаш се случуваат чуда, колективниот фактор преовладува над индивидуалниот квалитет. Ова веќе се случи – вели селекторот на Шпанија, Скариоло.

Шпанија и Франција покажаа колку е важен континуитетот на клупата со оглед на тоа што од 2009 година, Серџо Скариоло ја предводи „фуријата“ додека на клупата на „триколорите“ седи Винсент Коле.

Во натпреварот за третото место што започнува од 17.15 часот ќе играат Германија и Полска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот