Шпанија без Рамос ќе игра на Мундијалот во Катар

фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис Енрике го објави списокот на играчи кои ќе ги предводи на Светското првенство во Катар. Црвената „фурија“ ќе игра во групата „Е“ со Германија, Јапонија и Костарика.

Изненадувачки не е повикан искусниот одбранбен играч Серхио Рамос, играчот на ПСЖ кој одигра 180 натпревари за националниот тим и постигна 23 гола.

На списокот ги нема ниту играчот од средниот ред на Ливерпул, Тиаго Алкантара, Херардо Морено од Виљареал, Хектор Белерин од Барселона и Марко Кукуреља од Челси.

Голмани: Унаи Симон (Атлетик), Роберт Санчес (Брајтон), Давид Раја (Брентфорд).

Одбрана: Сесар Аспиликуета (Челси), Дани Карвахал (Реал Мадрид), Ерик Гарсија (Барселона), Уго Гиљамон (Валенсија), Пау Торес (Виљареал), Ајмерик Лапорт (Манчестер сити), Жорди Алба (Барселона), Хосе Гаја (Валенсија).

Среден ред: Серхио Бускетс (Барселона), Родри (Манчестер сити), Гави (Барселона), Карлос Солер (ПСЖ), Маркос Љоренте (Атлетико Мадри), Педри (Барселона), Коке (Атлетико Мадрид).

Напад: Феран Торес (Барселона), Нико Вилијамс (Атлетико), Жереми Пино (Виљареал), Алваро Мората (Атлетико Мадрид), Марко Асенсио (Реал Мадрид), Пабло Сарабија (ПСЖ), Дани Олмо (Лајпциг), Ансу Фати (Барселона).

Флик го објави списокот: Германија на СП со херојот од 2014 и 17-годишен тинејџер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот