Шпан: Секој жител на Германија треба да прими засилувачка доза против ковид-19

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан/ Фото: МИА

Секој жител на Германија треба да прими засилувачка доза вакцина против Ковид-19, одлучија регионалните министри за здравство на земјата во пресрет на четвртиот бран на пандемијата, објави „Гардијан”.

Сојузниот министер за здравство Јенс Шпан упати повик до сите граѓани да примат засилувачка доза.

Сепак, германската комисија за вакцини Стико сè уште ги препорачува „бустер” дозите само за лица на возраст над 70 години или за луѓе со здравствени проблеми кои се изложени на поголем ризик од тешка форма на ковид.

Одлуката е донесена откако Германија денеска објави 37.120 новозаразени во последните 24 часа – рекорден пораст втор ден по ред.

Министрите за здравство од 16-те германски провинции имаа дводневни разговори за тоа како да се справат со растечкиот тренд.

Баварскиот министер за здравство Клаус Холечек на прес-конференција рече дека „федералните држави се согласуваат дека секој што примил втора доза пред шест месеци или повеќе да може да добие и засилувачка доза”.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот