ШОКАНТНИ ВИДЕА се шират: Украински војници наводно тепаат цивили во Днипропетровск

Украински војници брутално тепаат цивили во Днепропетровск/Фото: Твитер/ Скриншот

На социјалните мрежи се појавуваат видеа на кои се тврди дека се прикажани украински специјалци кои брутално се пресметуваат со цивили. Толкувањата се различни – дека се работи за руски цивили, а некои тврдат дека се во прашање цивили кои не сакаат да војуваат, но нема официјална потврда за што точно станува збор ниту пак кога и точно каде се снимени, па се појавуваат во овој клучен момент кога целата светска јавност е згрозена од масакрот извршен врз цивилното население во Буча од страна на руските сили.

 

Видеата предизвикаа загриженост кај корисниците на социјалните мрежи ширум светот и има повици да се покрене истрага за овие случувања, кои може да фрлат сенка и врз позадината на масакрите на цивили во украинските градови, како оној во Буча.

Пресметката со цивилното население во Днипропетровск наводно ја „аминувал“ и градоначаникот Борис Филатов, кој повикува на масовно убивање на Русите ширум светот.

Овие видео снимки се појавија во моментот кога во Њујорк трае седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации на која преку видео линк се обрати и претседателот на Украина, Володимир Зеленски и презентираше потресни фотографии од настраданите цивили и масовните гробници откриени во Буча. Зеленски ги повика ОН „веднаш” да реагираат во однос на „воените злосторства” извршени од Русија во неговата земја и додаде дека во спротивно светската организација треба само да биде „распуштена”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот