Шокантни резултати на УЕФА: Загубите на европските екипи поради пандемијата изнесуваат повеќе од осум милијарди евра

УЕФА казни екипи како Спортинг Лисабон и Порто/ фото: EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Европската фудбалска федерација објави какви последици претрпе фудбалот поради пандемијата на коронавирусот.

УЕФА објави извештај за проценка на штетата која настана во европскиот фудбал поради пандемијата на коронавирусот. Економските експерти и УЕФА се убедени дека фудбалските екипи во Европа претрпеа штета од дури 8.7 милијарди евра.
Студијата покажа дека ниту еден клуб не бил поштеден од последиците од кризата која настана со ширење на коронавирусот, а загубите за сезоните 2019/20 и 2020/21 не биле помалку од 10 проценти.
За време на овие две сезони, УЕФА процени дека вкупните загуби во сите 55 европски национални шампионати изнесуваат 8.7 милијарди од кои дури 7.2 милијарди ера за најважните 711 клубови.
Вклучувајќи ги веќе објавените извештаи и пресметки, како и новите преговори и договори за ТВ правата и останати други параметри, се смета дека извештајот на УЕФА кој има дури 112 страници е досега најпрецизен кога станува збор за влијанието на пандемијата на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот