Шокантни податоци: Секоја петта жена носи исти гаќи со денови, последиците се опасни

Фото: Pixabay

Истражувањето во кое учествуваа повеќе од 1.000 жени, спроведено од „Дерм ревју“- платформа за нега на кожата – покажало дека 21 отсто од испитаничките носат исти гаќи „неколку дена“.

Шокантно е што секоја петта жена носи исти гаќи три или повеќе дена. Ова значи дека валканата навика е многу почеста отколку што мислат луѓето. Некои од наведените причини за оваа лоша навика биле недостатокот на време наутро, заморот навечер, заштедата на вода и намалувањето на количината на валканата долна облека.

Околу 55 отсто од испитаничките носат исти гаќи во кои го поминале денот и во креветот. Ова најчесто го прават жени постари од 55 години. А, речиси една четвртина (24 отсто) од жените рекле дека не ја менуваат долната облека после вежбање. И тоа се претежно жени под 25 години.

Градниците обично се перат по две до три носења.

Но, истражувањето открило дека секоја трета (33 отсто) жена носи градник подолго од препорачаното, при што таа бројка е највисока кај жените на возраст помеѓу 35 и 44 години (38 отсто).

Иако не постојат правила за хигиенските навики, стручњаците советуваат секој ден да ја менувате долната облека, а навечер да ја соблекувате.

Одговарајќи на наодите од нејзиното истражување, Ел Маклеман, биохемичарка за нега на кожа, рекла дека „го разбира намалувањето на количината на валкана долна облека носејќи ја истата долна облека повеќе од еден ден“.

– Но, здравствените ризици од инфекции, иритации, абнормален исцедок и разни осипи на кожата треба да ги натераат жените двапати да размислат пред да носат иста долна облека повеќе дена. Луѓето кои носат долна облека во кревет потенцијално го зголемуваат ризикот од вагинитис и бактериска вагиноза. Оние кои не ја менувале и не ја переле долната облека веднаш по вежбањето забележале значително зголемување на непријатните телесни мириси и потенцијал за појава или нарушување на вагиналниот микробиом – предупредува Меклеман.

Габичната инфекција предизвикана од прекумерен раст на габата Candida albicans е една од најчестите последици од лошата хигиена. Оваа габа природно живее во цревата и во мал број во вагината. Околу 75 отсто од жените ќе имаат кандида во текот на животот, а понекогаш и болен осип околу вулвата предизвикан од габичната инфекција. Таа може да се избегне ако секогаш носите памучни гаќи и спиете во широка облека навечер, бидејќи бактериите сакаат да растат во топли, влажни услови.

Бактериската вагиноза, од друга страна, е инфекција која обично предизвикува силен, мирис на риба.

Една од причините е лошата хигиена – иако и премногу парфимираниот сапун или купките со меурчиња може да ја нарушат рамнотежата на бактериите во вагината.

Претходните истражувања покажаа дека сличен број на мажи не ја менуваат долната облека секој ден – дури 22 отсто.

Истражувањето во кое биле вклучени речиси 2.800 луѓе, покажало дека корисниците кои носат долна облека неколку дена по ред, само ја помирисуваат долната облека за да видат дали е премногу валкана за повторно да ја облечат.

Д-р Никола Косгрејв, експертка за нега на кожата во „Натура емпориум“, рекла дека „во нашите гениталии имаме природно присутни бактерии кои со задоволство ќе останат на нормалното ниво сѐ додека ги користиме исправните хигиенски производи и правилната долна облека и секојдневно се миеме, а особено по потење“.

– Очигледно бактериите се пренесуваат во текот на денот. Ако не ја менувате долната облека секој ден, ќе почнат да ви се таложат бактерии како што се Ешерихија коли, стафилококи, стрептококи и многу други кои се сосема нормални и корисни кога ќе останат на нормално ниво. Меѓутоа, бидејќи успеваат во топла и влажна средина, ќе почнат да се размножуваат надвор од контрола – додала за британски „Сан“.

Д-р Косгрејв тврди дека последиците можат да бидат лош мирис, осип, прекумерно чешање, габични инфекции, инфекции на уринарниот тракт и потенцијално опасни по живот стафилококни инфекции.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот