Шок за Гвардиола, Агуеро сака да се врати во Аргентина

twitter.com/brfootball

Тешко лето го очекува Манчестер сити.

Напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Агуеро, сака уште ова лето да си замине од „Етихад“ иако има уште една година од договорот. Агуеро наводно го известил менаџерот Пеп Гвардиола дека нема намера да потпише нов договор и дека сака да се врати во татковината.

Имено, Агуеро има желба да се врати во родната Аргентина и повторно да го облече дресот на Индепендиенте каде веќе го очекувања „десетката“, а на клупата е неговиот добар пријател и поранешен соиграч, Лукас Пусинери.

Медиумите шпекулираат дека управата и Гвардиола ќе му овозможат на Агуеро да си замине од Сити како благодарност за тоа што го носеше дресот во последните девет години во кои постигна 180 голови на 261 натпревар.

Пеп Гвардиола ќе мора во летниот преоден рок да реагира брзо и да пронајде замена за Агуеро.

Негова најголема желба е Лаутаро Мартинез чија откупна клаузула од 1 до 15 јули ќе изнесува 111 милиони евра, но проблем претставува желбата на фудбалерот да игра само во Барселона покрај Лионел Меси.

Како едно од решенијата се споменува младиот напаѓач на Ајакс, Сонтје Хансен, но проблем е тоа што според Гвардиола тој се уште е премлад за да настапува во Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот