Шок за Алкараз: Елиминиран на стартот од турнирот во Мајами
Најголемиот кандидат за титулата во Мајами, Шпанецот Карлос Алкараз доживеа елиминација уште во првото коло, а подобар од него беше белгискиот ветеран Давид Гофан кој во овој момент е 55-ти тенисер на АТП листата.
Препорачано
Алкараз не беше ниту сенка на тенисерот кој веќе го освои еднаш овој турнир и кој го „брка“ првото место на АТП листата.
Шпанскиот тенисер го доби првиот сет, но потоа попушти и му дозволи на Гофан да доминира на теренот ( 5:7, 6:4, 6:3).
Од друга страна за Гофан ова не беше првпат да го совлада Алкараз, подобар од него беше и во 2022 година во Астана, исто така на тврда подлога. Сметајќи ги овие две победи против Алкараз, Белгиецот нанижа три триумфи над ривали од првата тројка бидејќи минатата година го победи и Александар Зверев.
„Ги сакам ваквите мечеви на најголемите стадиони“, изјав по малку заборавениот Гофан по победата.
Во 2017 година Белгиецот беше и седми тенисер во светот, но потоа се соочи со проблеми со повредите.
Медведев рано го заврши настапот во Мајами, елиминиран и Кирјос


