брендон Блексток и Кели Кларксон / Фото: Elizabeth Goodenough / Everett / Profimedia

Шок по смртта на поранешниот сопруг на Кели Кларксон: Откриено дека бил во врска со нејзина асистентка

Покојниот поранешен сопруг на пејачката Кели Кларксон, Брендон Блексток, бил во среќна врска пред неговата смрт, открива неговиот некролог, објавува „Дејли меjл“.

Блексток беше во брак со Кларксон од 2013 до 2020 година и со неа ги има ќерката Ривер (11) и синот Ремингтон (9), пред да почине на 7 август на 48-годишна возраст по приватна, долгогодишна борба со меланом.

Но, некрологот, објавен во вторник, откри дека Блексток бил во врска со Бритни Мари Џонс и тивко градел нов живот со неа во Монтана, факт непознат за многу обожаватели.

„По повеќе од 20 години во музичката индустрија, Брендон го пронајде патот назад кон планините и каубојскиот начин на живот што отсекогаш сакал да го живее. Тој најде дом и љубов во Бјут, Монтана. Брендон, заедно со неговата прекрасна и сакана партнерка Бритни Мари Џонс, почнаа да градат живот, градејќи бизниси и работејќи неуморно за да го создадат ‘Хедвотерс лајсток окшн’ и она што ќе живее како негово наследство, ‘Вали вју родео’ во Бозман, Монтана“, се вели во некрологот.

Во шокантно откритие, извештај од декември 2024 година за бизнисот со родео на Блексток и Џонс се наведува Џонс како „поранешна асистентка“ на Кларксон. Нејзиниот претходен профил на „Линкдин“ открива дека работела како извршен асистент на Брендон Блексток, како и како асистентка на Кели Кларксон додека Блексток ја менаџирал пејачката.

Џонс претходно била во брак со Грег Гус ЛаПоинт, според информациите пронајдени на нејзината фејсбук-страница. Двојката сподели фотографии од нивната свадба во септември 2021 година, нудејќи увид во нивниот заеднички живот. Сепак, точната временска рамка и околностите на нивната разделба остануваат нејасни.

Овие детали се појавија само неколку часа откако Мелиса Ешворт, првата сопруга на Блексток, јавно проговори за неговата смрт. Таа со Блексток ги има синот Сет (18) и ќерката Савана (23).

Почина поранешниот сопруг на Кели Кларксон на 48 години, ја изгуби битката со ракот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот