Шкупи со жестоки критики кон ФФМ: Зошто сме оставени сами во толку важен момент?

Фото: ФК Шкупи

Eкипата на Шкупи жестоко ја критикуваше Фудбалската федерација на Македонија, но и државата поради проблемот со вадење виза на фудбалерот Валид Хамиди.

Во соопштението со критики кон „Куќата на Фудбалот“, Шкупи истакнува дека никој не се вклучил да помогне за да се реши проблемот со Хамиди пред натпреварот во квалификациите за Конференциската лига против Хегелман. За да се реши случајот реагирале Фудбалската федерација на Литванија и УЕФА, но одговор се уште немало.

Соопштението го пренесуваме во целост:

„Доста е. Шкупи е екипа на оваа земја. Ние како клуб во Европа ја претставуваме Република Македонија. На само еден ден пред мечот во Конференциската лига, сè уште не сме добиле патна виза за еден од нашите најважни фудбалери, Валид Хамиди. Оставени сме сами на себе во борбата да го решиме овој проблем. Ниту ФФМ, ниту некој друг функционер не се вклучи да помогне.

За да се реши проблем, се вклучија Фудбалската федерација на Литванија и УЕФА, но сè уште немаме позитивен одговор. Треба добро да се разбере дека целта на ФФМ е да им служи на фудбалот и клубовите. Зошто сме оставени сами во толку важен момент? Како резултат на секое достигнување во Европа, успехот е препишан и на Република Македонија. Не разбираме зошто не му се издаде виза на Хамиди“, објави Шкупи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот