Фудбалска репрезентација на Шкотска/EPA/Leszek Szymanski

Шкотска на Мундијалот оди со 43-годишен голман

Селекторот на Шкотска, Стив Кларк, го објави списокот од 26 фудбалери за претстојното Светско првенство, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Шкотите во групата „Ц“ ќе играат против Хаити (14 јуни), Мароко (19 јуни) и Бразил (24 јуни).

Првите два натпревари ќе се играат во Масачусетс, додека последниот дуел од групната фаза ќе биде во Мајами.

Шкотска на 30 мај ќе одигра пријателски натпревар против Курасао на „Хемпден парк“, а последната проверка пред Мундијалот ќе ја има против Боливија на 6 јуни во Њу Џерси.

Кларк и понатаму има доверба во јадрото на тимот и ретко прави промени во националниот состав. Во тимот се наоѓаат осум дефанзивци и седум играчи од средниот ред кои беа дел од целиот квалификациски циклус.

Најголем проблем Шкотите имаат на голманската позиција. Голманот на Хартс, Крег Гордон, доби повик и на 43-годишна возраст, иако сезонава не беше стандарден, исто како и чуварите на мрежата на Нотингем форест, Ангус Ган, и Лијам Кели од Ренџерс.

Тројцата голмани заедно имаат само 15 настапи сезонава, сметајќи ги и клупските и репрезентативните натпревари.

Фото: Scottish FA

Нојер во голем стил се враќа на голот на Германија – ќе биде прв голман на Мундијалот

Aнчелоти на Мундијалот не повика напаѓач кој даде 20 гола во Премиер лигата

ФОТО | Aнчелоти го објави списокот на Бразил и го израдува Нејмар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот