Нојер во голем стил се враќа на голот на Германија – ќе биде прв голман на Мундијалот
Враќањето на Мануел Нојер во германската репрезентација пред Светското првенство последниве денови се главна тема во тамошните медиуми, а сега пристигнува и потврда од добро информирани извори. Како што наведува познатиот германски спортски новинар Флоријан Плетенберг, селекторот Јулијан Нагелсман донел одлука за враќање на легендата на Баерн.
Препорачано
Плетенберг тврди дека Нагелсман телефонски го контактирал Оливер Бауман и му соопштил дека на Светското првенство смета на Нојер како прв голман, под услов состојбата со неговата повреда на листот да не се влоши. Таквиот расплет го разочарал Бауман, кој бранеше на сите квалификациски натпревари за Мундијалот и сигурно дека очекуваше тој да биде првиот голман на турнирот во САД, Мексико и Канада. Сепак, голманот на Хофенхајм е подготвен да ја прифати улогата на резервен голман и да отпатува на првенството како втора опција.
Плетенберг додава дека финалните разговори и деталите околу улогата на Нојер во репрезентацијата ќе бидат дефинирани во текот на денешниот и утрешниот ден. Конечниот список од 26 играчи за Светското првенство селекторот Нагелсман треба да го објави во четврток.
Нојер за Германија одигра 124 натпревари и беше еден од хероите во освојувањето на светската титула во 2014 година, а од репрезентацијата се повлече во 2024 година.
ФОТО | Aнчелоти го објави списокот на Бразил и го израдува Нејмар


