Фото: Шкендија

Шкендија загуби на Кипар, но нема да жали – си обезбеди европска пролет

Фудбалерите на Шкендија претрпеа пораз од АЕК Ларнака со 1-0 на Кипар, но по овој дуел тетовци нема да жалат затоа што и на овој начин се пласираа во плеј-офот за осминафиналето.

АЕК од првата минута беше подобар тим на теренот и имаше иницијатива, а одбраната на Шкендија попушти во 43-тата минута кога Ивановиќ погоди. Сепак, тој гол беше поништен поради офсајд и избраниците на Беќири на пауза заминаа со почетниот резултат.

Проблемите за шампионот од ПМФЛ се зголемија во 53-тата минута кога Љатифи заработи директен црвен картон.

И во таква ситуација тетовскиот клуб долго одолеваше на напаадите на домаќините. Меѓутоа Ангиелски во 83-тата минута го постигна единствениот погодок на натпреварот.

Со овој пораз Шкендија, лигашкиот дел од Конференциската лига го заврши со седум бода на 23-тата позиција и се пласираа во плеј-офот кој ќе се игра на пролет.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот