Шкендија со голот на Роналдо Вебстер триумфираше над Лиепаја

фото: KF Shkendija

Во новиот контролен натпревар како подготовка за вториот дел од сезоната фудбалерите на Шкендија славеа со 1:0 против Лиепаја од Летонија.

По првото полувреме немаше голови, а единствениот погодок беше реализиран во 65 минута кога радост на тетовските „црвено-црни“ им донесе Роналдо Вебстер.

Стартниот состав на Шкендија: Амзаи, Коцев, Мелиќи, Цаке, Велија, Ќака, Тотре, Красниќи, Чинари, Шала, Аганспахиќ.

Играа уште: Адили, Реџепи, Крстевски, Адеми, Вебстер, Дита, Рамани, Нухија, Јакупи, Курти, Рамадани.

Ова беше трет пријателски меч за играчите на Јетон Беќири на подготовките во Анталија, Турција. Претходно славеа против Варта Познањ од Полска (1:0) и Динамо Батуми од Грузија (2:0).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот