Шкендија пропушти историска шанса за групна фаза во Лига Европа

фото: ФК Шкендија

Македонскиот фудбалски шампион Шкендија ќе имаше убава шанса, можеби најдобрата за историски влез во групите на Лига Европа.

Подобриот од Дуделанж-Номе Калју ќе оди на победникот од двомечот меѓу ерменскиот претставник Арарат и Сабуртало од Грузија.

Дефинитивно тетовските „црвено-црни“ можеа да се надеваат на „полесен“ пат за разлика од претходните три години кога на последната пречка налетуваа на посилни екипи како Розенборг, Милан и Гент.

Иван Тричковски со АЕК Ларнака преку белгискиот Гент ќе се обиде да закаже пресметки против Риека на Дарко Велковски или Абердин.

Адис Јаховиќ со Малатијаспор ќе мора прво да го елиминира белградски Партизан за да обезбеди дуели против Молде или Арис.

Повеќе информации околу денешната ждрепка за двојките во плејофот на Лига Европа можете да прочитате ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот