Шишкарев: Поминав шест прекрасни години во Скопје, ќе биде тешко да играме во Скопје

epa07474393 Vardar's Daniil Shishkarev (C) in action during the EHF Champions League handball match , round of 16, second leg, between HC Vardar and HC PPD Zagreb in Skopje, Republic of North Macedonia, 30 March 2019. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во тимот на Веспрем, кој е противник на Вардар во осминафиналето во Лигата на шампионите, неколку ракометари го имаат носено дресот на „црвено-црните“, а еден од тие со најголем стаж е руското крило, Данил Шишкарев.
Шишкарев беше дел од Вардар во освојувањето на двете европски титули.
– Игравме против Вардар во финалето на СЕХА лигата во септември минатата година, но повторно ова ќе биде посебен натпревар а мене. Поминав шест прекрасни години во Скопје. Ќе биде навистина тешко да играме во Јане Сандански, но ако се подготвиме добро се надевам дека ќе стигнеме до победа. За мене како што споменав ќе биде навистина посебно, бидејќи повторно ќе се сретнам со моите пријатели – вели Шишкарев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот