Петре Шилегов / Фото; Фејсбук

Шилегов: Како мисли СДСМ да победи на избори, кога 20 години се кара со најистакнатите членови?

Поранешниот градоначалник на Скопје и функционер на СДСМ, Петре Шилегов, во интервју за „Фокус“ ја куди својата поранешна партија, односно нејзиното раководство во последните, како што вели, „15-20 години“, обвинувајќи ги првите луѓе на партијата дека „се караат со своите најистакнати членови“.

СДСМ го исклучи Шилегов од партијата откако тој отворено повикуваше на оставка на актуелното раководство предводено од Венко Филипче. Лидерот на СДСМ јавно обвини дека Шилегов е уценет од актуелната власт, споменувајќи наводни „приватни проблеми и задолженост“.

„Улогата на една политичка партија во општеството, особено во македонското демократско општество, улогата на поголемите политички партии е да присоберат помали политички групации со цел да создадат квалитетна коалиција. А, вие се карате со своите најистакнати членови во изминатите 15-20 години. И сега како воопшто мислат дека можат да функционираат како политичка партија и да добијат избори?“, вели Шилегов.

Тој додава дека СДСМ како политичка партија, наместо да го шири спектарот на луѓе и да црпи знаење од луѓето во СДСМ со долгогодишно искуство, ги губи луѓето со квалитет.

„Наместо да го шириш спектарот на луѓе, ти си зачаурен во држењето да се опстане по секоја цена. Не знам од кои интереси, нема да навлегувам во тоа, но се караш со луѓето што можат да ти донесат само квалитет“, рече тој.

Жерновски ќе биде врската на СДСМ со светот, партијата oбјави и други кадровски освежувања

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот