Шевченко пред отказ, Пандев и Џенова ќе добијат нов тренер!?

Андриј Шевченко не ги дава потребните резултати со Џенова во Серија А/фото: EPA-EFE/Ettore Ferrari

Никако да тргне победнички украинскиот стратег Андриј Шевченко кој пред два месеци седна на клупата на Џенова со цел да помогне во битката за опстанок во Серија А, но резултатите и натаму не се најдобри.

Синоќешниот пораз од Специја на домашен терен може да биде најава за заминување на Шевченко од Џенова, пренесуваат италијанските медиуми.

Клубот во чии редови настапува и македонскиот напаѓач Горан Пандев наскоро може да добие нов тренер, а се шпекулираат две имиња, Роландо Маран и Давиде Балардини.

И претседателот на Џенова, Алберто Ѕангрило е загрижен поради резултатската криза и заканата дека можно е на крајот од сезоната да се пресели екипата во понизок ранг.

– Сите сме подготвени за дискусија, јас сум првиот. Мора да се анализира, овие тешки моменти ги засега сите, како и тренерот и играчите. Сега мора да бидеме активни на пазарот за да ја поправиме сликата која всушност станува тешка – вели Ѕангрило за „Скај Спорт“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот