Шестмина загинати и преку 30 повредени при судир на автобус и камион во Турција

Турција
Турција/ Фото Архива на СП

Најмалку шест лица загинаа, а 37 се повредени во судир на автобус и камион во областа Сома, турската провинција Маниса, пренесува Дејли Сабах.

Се наведува дека автобусот, кој се движел на релација Истанбул-Измир, удрил во камион што стоел на лента за застанување на автопатот.

„Видовме дека многу медиуми објавуваат погрешни податоци за бројот на загинати во несреќата кај Сама. Моменталната ситуација е дека шест лица загинаа, а 37 се повредени. Шестмина од повредените се хоспитализирани во различни болници во Баликесир, додека другите се хоспитализирани во Маниса”, соопшти администрацијата на провинцијата Маниса.

Се посочува дека 30 повредени патници се хоспитализирани и дека во автобусот имало вкупно 53 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот