Шест земји мамеле во финалето, им ги укинале бодовите па организаторите сами направиле пресметка?!

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Шест земји биле дисфалификувани кога станува збор за гласањето на стручното жири, а како што велат од Европската радиодифузна унија, тие сами им ги пресметале бодовите врз основа на резултатите од другите земји со слични гласови. Црна Гора е меѓу земјите чие жири беше дисквалификувано.

ЕБУ ги анализираше гласовите на жирито по втората генерална проба на втората полуфинална вечер на Изборот за песна на Евровизија 2022 година и утврди одредени неправилности во гласањето на шест земји, објави Европската радиодифузна унија, пишува wiwibloggs.com.

Како што е соопштено, со цел да се усогласат со „Упатството за гласање“, ЕБУ соработувала со партнер за гласање со цел да пресмета заменски резултат за секоја земја околу која имале сомнежи и за второто полуфинале и за големото финале. Сè, како велат тие, било пресметано врз основа на резултатите на други земји со слични записници за гласање.


Во саботата вечерта, околу 20 часот, непосредно пред почетокот на гласањето, ЕБУ издаде соопштение во кое сугерираше дека „зад сцената“ се случувала драма.

„Овој процес е потврден од Независниот мониторинг на гласање“, велат оттаму.

Земјите кои беа исклучени од гласањето се Азербејџан, Грузија, Црна Гора, Полска, Романија и Сан Марино.

Да потсетиме, Украина победи на 66. избор за песна на Евровизија, со вкупно 631 поен. На второто место е Велика Британија, а на третото Шпанија. Српскиот претставник Констракта го зазеде петтото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот