„Шест од шест“, КК Гостивар продолжува без грешка во Првата кошаркарска лига

Гостивар славеше убедливо над Струмица/фото: kfsm.mk

Кошаркарите на Гостивар ја забележаа и шестата победа сезонава во Првата македонска лига, денеска беа убедливи над Струмица со конечен резултат 102:80.

Гостивар во првото полуувреме имаше двоцифрено водство (50:40), а вториот дел го стартуваше уште подобро. Токму со две реализирани тројки на репрезентативецот Ефремовски, за највисоки 56:43, кои ги покачи Корсантија, вториот најдобар стрелец во Гостивар.

Кошаркарите на Феникс 2010 имаа задоцнет финиш во „Кале“ против Еуро Никел

Тешка задача имаше тренерот на Струмица, Златко Зетов да пронајде одговор за ефикасниот почеток на гостиварци. Со практично една петорка, и клупа, на која само играчки беа Шајкаров и Абрашев, работата на гостите им беше уште потешка. Токму Ефремовски и Корсантиа беа водечката офанзивна сила на лидерот во продолжението на овој натпревар. Донесоа уште повисоки 64:48 за домаќинот на средина од третата четвртина.

На другата, струмичка страна, поентерски се издвои „трилингот“ Крстајиќ-Волканоски-Асрат, кои искомбинираа 41 од вкупно 48 поени. На крајот на овој период, слични 76:60, а во оној послендиот, без никакви резултатски доближувања, особено не од екипата која го „бркаше“ резултатот. За Гостивар Пипкинс забележа 24 поени и пет асистенции, а за Струмица 17 коша имаше Асрат.

Прва лига: Работнички фаќа залет, без проблеми го совлада и Навико Академија ФМП

Прва македонска кошаркарска лига

Резултати и двојки, шесто коло

Гостивар – Струмица 2022 102:80

Феникс 2010 – Еуро Никел 2005 78:83

Работнички – Навико Академија ФМП 120:84

ТФТ – Кожув 103:80

Пелистер – Чаир 2030 91:70

22 ноември (вторник):
18.00: МЗТ Скопје Аеродром – Куманово 2009

Табела: Гостивар 12 бодови, Пелистер 11, Феникс 2010 10, Еуро Никел 2005 10, МЗТ Скопје Аеродром 9 (-1), ТФТ 9, Кожув 8, Чаир 2030 8, Работнички 8, Навико Академија 7, Струмица 7, Куманово 2009 6 (-1).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот