Кошаркарите на Феникс 2010 имаа задоцнет финиш во „Кале“ против Еуро Никел

Демонте Бакингем („Феникс 2010“) во акција на натпреварот против Еуро Никел 2005 во СРЦ „Кале“ - Скопје/фото: kfsm.mk

Екипата на Феникс 2010 го претрпе првиот пораз на домашен терен, откако загуби од Еуро Никел 2005 во Скопје (83:78) во Првата македонска кошаркарска лига.

Искусниот Дарко Соколов ја погоди клучната тројка во последната минута од мечот и кавадарчани стигнаа до „брејк“ за важна победа по паузата во шампионатот.

Денешниот дуел беше трет за Еуро Никел 2005 во СРЦ „Кале“ од почетокот на оваа сезона, а стигнаа само до првата победа, откако претходно загубија од Чаир 2030 и од ТФТ.

На овој натпревар, до израз дојде искуството на гостинските играчи кои во текот на мечот водеа и со 17 поени разлика (65:48). Но, и тука не беше скршен отпорот на Феникс 2010. На 50 секунди пред крајот, домашниот тим дојде до израмнување (76:76), подоцна и (78:78), но тука домаќинот како да застана одново.

Соколов со исклучително важна тројка го однесе Еуро Никел на (81:78), Бакингем во следниот напад не успеа да врати, а конечниот резултат го постави Планиниќ од линијата за слободни фрлања.

Младеновиќ постигна 27 поени во победничките редови, а на спротивната страна Трајковски реализираше 24 коша. По шест одиграни кола двете екипи сега се израмнети со биланс од четири победи и два порази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот