Прва лига: Работнички фаќа залет, без проблеми го совлада и Навико Академија ФМП

Втора победа во низа за кошаркарите на Работнички во домашниот шампионат/фото: kfsm.mk

Денеска во рамките од шестото коло во Првата македонска кошаркарска лига составот на Работнички со 120:84 ја совлада екипата на Навико Академија ФМП со 120:84.

Многи работи беа јасни уште по 10 минути од натпреварот. Оние во кои домашата екипа предводена од расположениот, за поентирање, Форте, брзо се стекна со двоцифрена предност. На истекот на првиот период, позитивата беше веќе огромна (30:14).

И тоа го одреди понатамошниот тек од дуелот во СРЦ „Кале“. На теренот цели 15 минути како да постоеше само една екипа, онаа во бело-црвена комбинација. За нецели 18 минути на семафорот стоеше највисоки 60:35.

Второто полувреме беше обична формалност, но и можност за тренерите на двете екипи да ги испробаат сите расположиви сили. Јасно беше кој е победникот и по 20 минути. А Форте со неверојатни бројки, даде 36 поени, имаше и 14 скокови, за само нешто повеќе од 23 минути на теренот. На дебито во дресот на Работнички, Малешевиќ застана на бројката од 26 коша.

На спротивната страна за гостите од Кисела Вода по 20 поени имаа Џонс и Коскоски, а 19 поени и шест асистенции запиша Настовски.

Табела: Пелистер 11 бодови, Феникс 2010 10, Еуро Никел 2005 10, Гостивар 10 (-1), МЗТ Скопје Аеродром 9 (-1), ТФТ 9, Кожув 8, Чаир 2030 8, Работнички 8, Навико Академија 7, Струмица 6 (-1), Куманово 2009 6 (-1).

Кошаркарите на Феникс 2010 имаа задоцнет финиш во „Кале“ против Еуро Никел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот