Шерон Стоун зборува за темната страна од животот: Дедо ѝ сексуално ја злоставувал, татко ѝ ја тепал, мајка ѝ бесчувствителна

шерон стоун
ФОТО: Инстаграм

Како девојче била злоставувана од дедо ѝ педофил, додека баба ѝ тоа го одобрувала заклучувајќи ја во соба со него, татко ѝ ја тепал со ремен за најмала грешка, мајка ѝ била без чувства и тотален туѓинец, а потоа, следувал перверзниот Холивуд и слава која ја чинела средба со смртта.

Холивудската актерка Шерон Стоун (63) си го отвори срцето во автобиографијата „The Beauty of Living Twice“ (Убавина да се живее двапати).

 

Книгата започнува со нејзиното соочување со смртта, есента, 2001 година – ги отворила очите и видела пред себе убав маж кој ја гали по косата, изгледало како сцена од филм, само што тој не ѝ шепотел љубовни зборови, туку рекол: „Таа има мозочно крварење“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

– Веднаш потоа сè стана бело, светлосна снежна бура ме крена и ме искорна од телото… Од светлината, се појавуваат познати, топли и смирувачки лица, опкружени со љубов. Сè тоа е толку мистично. Тогаш, следуваше огромен удар во градите, ме врати назад во студената соба за итни случаи. Направив избор – пишува Шерон Стоун – избрав да продолжам да живеам.

Лекарот ѝ дал погрешна дијагноза, не станувало збор за аневризма, туку за дисекција на ‘рбетната артерија која предизвикала крварење. Но, вели, простувањето е дел од нејзиниот нов идентитет.

Родена е во семејство на прилично сиромашни и религиозни Ирци, како девојче важела за чудна девојка. Израснала со двајца браќа и сестра во Мидвил, Пенсилванија. Сепак, оваа провинциска идила криела длабока темнина: кога ќе направела нешто погрешно, морала да го почека татка си да се врати од фабриката, за убаво да ја истепа со ременот.

– Мајка ми зјапаше во мијалникот додека тој ме влечеше до подрумот за да ме натера да се искупам преку мавање со ременот – пишува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

Врската со мајка ѝ била уште посурова, пораснала практично без да ја познава. Кога биле мали девојчиња, таа и нејзината помала сестра Кели, родителите ги оставале во домот на нивниот дедо по мајка, на милост и немилост – на неговите перверзии. Дедо им бил педофил, но, и двете девојчиња молчеле од страв. Дедото го имал истото несоодветно однесување и кон неговата сопруга, но бабата само придонела за малтретирањето на девојчињата, па дури и ги заклучувала внуките во соба со нивниот дедо.

Сакав да го прободам до смрт. И кога го играв серискиот убиец во „Основен инстинкт“, бесот што го чував во себе се разгори, ја исфрлив темнината што ја имав внатре… – пишува Шерон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

Кога нејзиниот дедо починал од срцев удар, Шерон имала 14, а Кели 11 години, и за нив тоа значело крај на еден кошмар. Открива дека лично, на погребот, го отворила ковчегот за да се увери дека навистина е мртов и почувствувала чудно задоволство.

Кели и Шерон прозбореле за секусалната злоупотреба за првпат како возрасни, не можејќи да разберат како нивната мајка можела да дозволи такво нешто. Но, Шерон наоѓа некакво разбирање за мајка ѝ зашто: „кога била дете секој ден ја тепал нејзиниот татко, дека на 9 години била доверена на друго семејство кое ја третирало како Пепелашка, и дека на 16 години се омажила“… Оттука, нормално е што таа немала нежност ни емпатија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

Холивудскиот филмски свет исто така го опишува како перверзен. Раскажува за случката кога еден познат продуцент (не му го открива името, но станува збор за Роберт Еванс, н.з) ја терал да има секс со партнерот на снимање, образложувајќи дека така сцената ќе изгледа пострасна и пореална и дека и тој самиот, кога бил млад глумец, имал навистина секс со Ава Гарднер на сетот. Така, тој ѝ помогнал на Ава Гарднер да биде подобра актерка. На ова, Шерон одговорила: „Мислиш ли дека ако се е… со него, тој би бил добар актер? Никој не може да биде толку добар во кревет. Би било подобро да земете некој со талент, некој што е во можност да го запомни текстот, или можете меѓу себе да си имате секс, а мене да ме оставите надвор од тоа. Мојата работа е да глумам и го правам само тоа“, му рекла.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

Дури и славната сцена во која ги прекрстува нозете, без да носи гаќички, во филмот „Основен инстинт“ – пишува глумицата – била монтирана без нејзина дозвола, на крајот дури и му удрила шлаканица на режисерот Пол Верховен поради тоа, но сепак, тие останале пријатели.

Во автобиографијата пишува и дека еден хирург ѝ ги зголемил градите без нејзина согласност, додека била под анестезија, и ги раскажува сите здравствени перипетии што ги доживеала, меѓу кои и трите спонтани абортуси.

Во нејзиниот „втор живот“ го одбрала будизмот и хуманитарната организација за нејзина примарна активност. Научила секогаш да ги слуша двете страни на секоја приказна и посвоила три адолесцентни момчиња кои ги учи на љубезност, добрина и чесност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот