Шерон Озборн откри што се случувало по смртта на Ози: „Една жена ни испрати пакет во кој имаше нокти, коса и…“
Шерон Озборн откри бизарен настан што се случил по смртта на нејзиниот сопруг, рок-легендата Ози Озборн. Жена која тврдела дека е тајната ќерка на Ози, испратила на семејството пакет што содржел нокти, коса и крв, молејќи за ДНК-тестирање за да ги докаже своите тврдења.
Препорачано
Оваа и други приказни семејството ги сподели во првата епизода од својот поткаст по смртта на Ози, пренесува „Дејли Мејл“.
Говорејќи за необичните реакции со кои се соочиле по смртта на музичарот, кој починал на 22 јули од срцев застој, ќерката Кели раскажа:
„Имавме прилично голем број чудни луѓе што се појавија од сенка, тврдејќи дека разговараат со тато од гробот.“
Шерон потоа го раскажа и најнеобичниот случај со кој го диживеале.
„Една жена ни ги испрати своите нокти од стапала“, рече Шерон, а Кели додаде: „Во пакетот имаше нокт од стапало, малку крв и неколку влакна од коса – таа беше целосно уверена дека е ќерка на Ози.“
Ози Озборн, легендарниот пејач на групата „Black Sabbath“, имаше шест деца. Три доби во бракот со Шерон, а три од првиот брак со Телма Рајли, со која се ожени во 1971 година.
Од таа врска ги има децата Џесика и Луис, а го посвои и Елиот, синот на Телма од претходната врска.
Последните денови
Во поткастот, семејството откри дека здравствената состојба на Ози нагло се влошила по падот што го доживеал.
„Беше првата недела од декември и не се чувствуваше добро, малку падна и постојано зборуваше дека го болат грбот … отиде во болница“, се присети Шерон.
Синот Џек додаде важен детал:
„Ако се вратиме малку наназад, тој не беше добар во поднесувањето болка … но како вистински џентлмен, никому не кажа дека паднал, а се покажа дека имал фрактура“.
Шерон објасни колку сериозна била состојбата.
„Беше во толку голема болка што мораше во болница … беше таму и потоа доби воспаление на белите дробови, а тоа му се случи три пати во последната година. Така што со воспаление на белите дробови му беше исклучително тешко.“
Според официјалниот документ поднесен во Лондон, Ози Озборн починал од срцев застој и инфаркт, а во неговата медицинска евиденција биле забележани и Паркинсонова болест со автономна дисфункција, како и коронарна срцева болест.
Починал само неколку недели по големиот проштален концерт на 76 години.


