Шенгелија проговори за тепачката: Реагиравме како луѓе, Турците ни се закануваа со смрт

Грузиските кошаркарски репрезентативци Торнике Шенгелија и Гого Битадзе/фото: Georgian Basketball Federation/FIBA

Грузискиот репрезентативец Торнике Шенгелија изјави дека неговите соиграчи реагирале „машки“ при пресметката со турските кошаркари по натпреварот од третото коло од групата А на Европското првенство, во кој домаќинот во Тбилиси победи со 88:83 по две продолженија.

Турските медиуми објавија дека нивниот репрезентативец Фуркан Коркмаз по натпреварот бил нападнат од Дуда Санадзе, Шенгелија и Гого Битадзе.

Шенгелија не игра на ЕП поради повреда на рамото, додека Битадзе поради одлука на селекторот Илијас Зурос, не настапи против Турција.

– Не требаше да реагираме на провокации. Реагиравме како луѓе, како мажи и покажавме реакција. Од друга страна, кога ќе почне конфликтот на теренот, тој треба да остане таму. Не треба да барате играчите на другиот тим пред нивните семејства, пријатели и навивачи, да одат во тунелот и ја продолжат тепачката. Не е само тоа, кога отидовме во соблекувалната, турските кошаркари продолжија со провокациите. Не навредуваа со погрди имиња и со рацете ни покажуваа секакви работи. Турските медиуми исто така поинаку го презентираа тоа што се случуваше по натпреварот и тоа предизвика предизвика агресивни реакции на турските навивачи кон нашите семејства. Тоа се многу вознемирувачки пораки и ни се заканија со смрт – напиша Шенгелија на социјалните мрежи.

Од друга страна, турскиот репрезентативец Фуркан Коркмаз има поинаков став од тој на Грузеицот Шенгелија.

– Тоа беше како улична тепачка, немаше разговор, луѓето само не нападнаа. Секако дека реагиравме и се браневме, што моравме да го направиме како мажи. Мислам дека имаше и пропуст со обезбедувањето. Или можеби едноставно дозволија на нивните играчи да прават што сакаат – изјави Коркмаз за турските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот