Шеќеринска: Со вистински приоритети и соработка на властите успесите се видливи

– Во овие две и пол години, целиот фокус ни беше во патните правци кои Демир Хисар го поврзуваат со Битола, со Крушево и Другово, а во следниот четири годишен период фокусот ќе биде да обезбедиме добра патна инфраструктура кон Кичево, посочи Шекеринска.

Градиме нова развојна македонска економија и создаваме услови за подобри работни места и повисоки плати, истакна Радмила Шекеринска, носител на кандидатската листа за пратеници од СДСМ и коалицијата во ИЕ5 при денешната посета на граѓаните од општина Демир Хисар.

Таа потсети дека во триаголникот Битола-Демир Хисар-Крушево, во инфраструктура вложени се околу 12 милиони евра.

– Во овие две и пол години, целиот фокус ни беше во патните правци кои Демир Хисар го поврзуваат со Битола, со Крушево и Другово, а во следниот четири годишен период фокусот ќе биде да обезбедиме добра патна инфраструктура кон Кичево, посочи Шекеринска.

Шекеринска за време на посетата истакна и дека за време на корона кризата владата постојано е фокусирана да помага на општините, на економските субјекти, односно што поголем круг на граѓани.

На средба со својот домаќин, градоначалникот на Општина Демир Хисар Марјанче Стојаноски, Шекеринска беше информирана за ефикасното користење на европски средства кои се насочуваат во развојот на културата, локалната инфраструктура, како и на шансите за развој на туризмот во таа општина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот