Фото: EPA-EFE/Andreas Gora / POOL

Шефот на институтот Роберт Кох: Пандемијата на коронавирусот сè уште не е помината

Шефот на германскиот институт Роберт Кох (РКИ), Лотар Вилер денеска предупреди дека пандемијата на коронавирусот сè уште не поминала.

Вилер на прес-конференција истакна дека жариштата во месната индустрија или на верските служби можат лесно да се шират на остатокот од населението.

Во однос на ова, тој ја истакна важноста од носење маски.

Вилер рече дека важен дел од борбата против пандемијата е „корона апликацијата”, која до сега ја инсталирале 12 милиони Германци.

Според него, дигиталната алатка може да помогне рано да се идентификува синџирот на зараза.

Вилер истакна дека во многу области нема нови случаи на зараза, но оти од минатиот вторник повторно има зголемување на бројот на новозаразени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот