Шефицата на сите американски разузнавачи, Талси Габард, поднесе оставка
Директорката на националното разузнавање на САД, Талси Габард, на социјалните мрежи потврди дека поднела оставка од функцијата, наведувајќи ја како причина болеста на нејзиниот сопруг, јавува „Ен-би-си њуз“.
Препорачано
Директор на националното разузнавање е функција на ниво на член на владиниот кабинет, а личноста која е на неа практично е највисокиот разузнавачки раководител во САД.
Во оставката, Габард му кажува на претседателот дека е „длабоко благодарна за довербата што ми ја дадовте и за можноста да ја водам Канцеларијата на директорот на Националното разузнавање во последните година и пол“.
„За жал, морам да поднесам оставка, која стапува на сила на 30 јуни 2026 година. На мојот сопруг, Абрахам, неодамна му беше дијагностицирана исклучително ретка форма на рак на коските“, пишува Габард.
Нејзиниот сопруг „се соочува со големи предизвици во наредните недели и месеци“, напиша таа. „Во овој момент, морам да се повлечам од јавната служба за да бидам покрај него и целосно да го поддржам во оваа битка“.
Во објава на неговата социјална мрежа, претседателот Доналд Трамп напиша дека го назначил Арон Лукас, главниот заменик-директор на Националното разузнавање, за вршител на должноста директор. Трамп вели дека жали за заминувањето на Габард и му посака добро здравје на нејзиниот сопруг.
Советници на Трамп по посетата на Кина: Напад врз Тајван во следните 5 години


