Шармантниот Фрањо Ласиќ на 66 години го очекува своето четврто дете

Фото: Фејсбук

Познатиот хрватски пејач и актер Фрањо Ласиќ (65) наскоро повторно ќе стане татко, по четврти пат.

Неговата 30 години помлада сопруга Милена Матиќ Ласиќ, уметница од Белград, е во седмиот месец од бременоста. Уметничката двојка е во брак од 2015 година, а претходно беше во врска три години.

Бремената Милена вчера објави и фотографија на својот Инстаграм профил под која напиша…

„Инспирацијата доаѓа во деновите на бременоста.“

Фото: Инстаграм

Ласиќ поради младата уметничка живее на релација Хрватска-Србија, а во последно време се занимава и со многу хуманитарни проекти. Ова е негов четврти брак и четврто дете.

Фото: Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот