Шапуриќ: Бојкотот ќе има ефект и со него ќе се испрати порака до сите
Поранешниот пратеник и министер, Зоран Шапуриќ, вечерва во „Отворено“ на ТВ 24 рече дека бојкотот ќе има ефект и со него ќе се испрати порака до сите институции. Според него, потребно е да се зголемат и казните предвидени со Законот за нефер трговски практики.
Препорачано
„Убеден сум дека бојкотот ќе има силен ефект и со него се праќа силна порака и сите институции и невладини ќе се вклучат во овие анализи и ќе се донесат соодветни мерки. Бојкотот не значи да се направи залиха во четврок, па да не се купува во петок, бојкотот е да се воздржиме од купување“, рече Шапуриќ.
Тој рече дека ваквите граѓански акции даваат резултати и во другите земји и дека тие се добар старт за да се направат промени.
„Ова е најмногу за да се покаже вредноста на граѓанинот, дека може да влијае врз одредени процеси. Најпрво ова е да се испрати порака а потоа да се направи промена. Треба да се зголемат казните со Законот за нефер трговски практики бидејќи се минимални во споредба со приходите. Очекувам и институциите да преземат чекори, но треба и подлабока анализа“, рече Шапуриќ.
Тој додаде и дека бојкотот во иднина ќе се зголеми, односно може да продолжи и за време на викенд но и со бојкотирање на одредени маркети и трговци.


