Шампионот на Македонија следната сезона ќе игра во ракометната ЛШ

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја објави официјалната ранг-листа според која шампионот на Македонија следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.

Според ранг-листата на ЕХФ, Македонија се наоѓа на осмото место, а првите девет имаат загарантирано место во елитното клупско натпреварување во сезоната 2023/24.

Високиот пласман на Македонија на ранг-листата е поради Вардар кој два пати триумфираше во ЛШ (2017 и 2019) и години наназад е редовен учесник во елитното натпреварување.

Годинава Македонија нема свој претставник во Лигата на шампионите бидејќи ЕХФ поради неплатени долгови кон поранешните ракометари го суспендира Вардар од натпреварувањето.
На првото место на ранг-листата на ЕХФ се наоѓа Шпанија, а по неа следат Германија, Франција, Унгарија, Данска, Полска и Португалија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот