Шаќири оптимист: Верувам дека можеме да го елиминираме АИК

Тренерот на ФК Шкендија, Артим Шаќири/Фото: kfshkendija.com

Фудбалерите на Шкендија утревечер (20 часот) на Националната Арена „Тодор Проески“ ќе го играат реванш натпреварот од третото квалификациско коло за пласман во групната фаза во Лигата на шампионите против АИК Стокхолм.

Првиот натпревар што се играше во Стокхолм, заврши без победник 1:1 и тетовските „црвено-црни“ имаат голема шанса пред своите гледачи да обезбедат пласман во плеј-офот за Лигата на конференции.

Тренерот на Шкендија, Артим Шаќири верува дека неговите фудбалери можат да го елиминираат АИК иако утре очекува сосема поинаков натпревар од тој што се играше минатиот четврток.

– Ова ќе биде поразличен натпревар од првиот, затоа што сега едноставно мора да има победник. Ништо не значи нерешениот резултат од Стокхолм, доколку не одиграме повторно квалитетно и мотивирано за победа. Ние размислуваме само на победа, па нека биде тоа и на пенали. Искрено верувам дека можеме да го елиминираме овој противник, кој добро го познавам затоа што две години играв во Шведска – изјави Шаќири.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот