Шакира во врска со 15 години помладиот британски актер! Сите тврдат дека е со неа само за слава

Фото: Принтскрин / Инстаграм / Твитер

Поп-ѕвездата Шакира веќе извесно време се забавува со актерот Лусиен Лависконт, а како пишуваат светските медиуми пејачката се заљубила во него додека го снимала новиот спот.

Извор близок до пејачката потврди за „Дејли мејл“ дека тие се забавуваат, но дека сè уште не се во „сериозна врска“. Ѕвездата на „Емили во Париз“ велат дека ја освоил Шакира откако имале блиски моменти во спотот за нејзината песна „Punteria“.

Но, нејзината нова романса предизвика загриженост кај нејзините пријатели, кои стравуваат дека актерот е со неа само за слава.

„Шакира очајно сака да се заљуби, но нејзините пријатели се загрижени бидејќи Лусиен претходно бил во врски со жени кои не се толку познати. Сега се гледа со Шакира која само сака љубов. Пријателите се загрижени дека тој сака само да биде со неа за да знаат луѓето за него, за да му се препознае името. Се гледаат, но сè уште не е ништо сериозно“ – изјавил изворот за „Дејли мејл“.

Изворот тврди дека пејачката сè уште „не го преболела нејзиниот поранешен“ Жерар Пике и дека сите околу неа „знаат дека Лусиен е само утеха“.

„Таа излегува со некој за кој пријателите се плашат дека е ‘играч’ и дека ќе се ‘изгори’“, додал изворот.

Инаку, во средината на 2022 година, Шакира и Пике официјално ја прекинаа долгогодишната врска во која добија два сина, Милан (11) и Саша (9). Шакира е точно 10 години постара од пензионираниот фудбалер. Набргу по нивното раскинување, поранешниот фудбалер почна романса со Клара Чиа Марти.

Од друга страна, Лусиен, најпознат по серијата „Емили во Париз“, во минатото се забавуваше со помалку познати пејачки како Кери Катона од групата „Атомик Китен“ и Џеси Нелсон од бендот „Литл микс“ .

ФОТО | Шакира има нова љубов: Тој е сосема поинаков од Пике

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот